Статистикатапокажува дека лани вкупното количество собран комунален отпад изнесувал 605.638 тони и во однос на 2021 година има намалување од 4,2 отсто. Инаку, 506.257 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 16 отсто се комерцијален отпад.
Според видовите отпад, предничи измешаниот комунален отпад – 494.693 тони или 81,7 отсто, а најмало количество има отпадот од гума – 1.487 тони или 0,2 проценти од вкупното количество.
Што се однесува до пластичниот отпад, лани биле собрани 13.063 тони.
Исто така, статистичките податоци велат дека годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2022 година е 467 килограми.