Огромни колони од автомобили чекаат утрово за влез во Грција
Огромни гужви има утрово на влезот за Грција, на граничниот премин „Богородица“.
Лентите на граничниот премин се полни, а колоните се долги, како што може да се види и од безбедносните камери.
Според информациите на АМСМ, за влез во Грција се чека до 45 минути.
Гужви има и на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија.