Косовскиот премиер Албин Курти на Твитер напиша дека по првпат во својата економија Косово има над 400. 000 активни работни места.
„Нашата економија по првпат има над 400. 000 регистрирани активни работни места. Ова е силен показател за успехот на нашите трудови и економски политики кои им помогнаа на жените, лицата со посебни потреби, претприемачите и другите да бидат успешни учесници во работната сила“, напиша Премиерот на Твитер.