Голема побарувачка за дињи на пазарот на големо во Колешино. Тракторски приколки полни со род чекаат да ги преземат трговците. Се фалат и на цената и на пласманот. Вака не било со години велат земјоделците од подбеласичките населени места.
Иако е уште сезона на бостан, од него ни трага. Земјоделците велат дека останал во нивите. Лошото време донесе многу болести на производството, па голем дел остана необрано.
Дињата е култура што не е многу застапена на струмичките ниви. Вообичаено претставува само дополнување на површините со бостан, но, ако расте побарувачката за неа, можно е догодина да ја има засаднео на двојно поголеми површини, коментираат производителите.