Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците.
Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците, пишува на Фејсбук министерот за земјоделство Николовски.
Би можело да ве интересира: УХМР издаде метео предупредување – Доаѓа невреме во Македонија