Работодавците во Србија од први јануари следната година ќе можат да им дадат отказ на вработените кои земаат лажни боледувања – предвидуваат најновите измени во Законот за работни односи
Како што пишува Informer, овие одредби се донесуваат бидејќи во Србија од вкупно 280 илјади боледувања годишно, 11 проценти се лажни. Тоа значи дека повеќе од 30.000 вработени секоја година лажираат здравствени проблеми за да отсуствуваат од работа.
Предлагач на овие законски промени и Стопанската комора на Србија, а истите ќе влезат во собраниска процедура на почетокот на следната година.
Претседателот на СКС Марко Чадеж вели дека новата регулатива ќе спречи евентуални злоупотреби на правото на боледување.
Имено, СКС достави предлог до Министерството за труд да се дополни законот така што работодавачот ќе има право да побара извештај од здравствена установа со кој би се потврдила основаноста на боледувањето, само доколку во текот на еден месец процентот на отсутни работници е поголем од 10.
Во случај да се утврди злоупотреба на правото на боледување, работодавачот може да му врачи отказ на вработениот, вели Чадеж за Informer.