Не станува збор за комплицирани активности кои ќе ви одземат многу време. Напротив, со помош на овие мали и едноставни трикови вие ќе заштедите време и ќе си го подобрите секојдневнието и секојдневните активности.
Олеснете си го правењето кафе
Знаете ли дека калапите за мраз можат да бидат искористени и за други работи освен за нивната првобитна намена? Веќе направеното кафе претурете го во калапот и ставете го во замрзнувач. Замрзнатите коцки ставете ги во чаша и прелијте ги со млеко. Вака ќе имате кафе секогаш кога ќе посакате.
Зачувајте ги бананите свежи
За да го избегнете сушењето на бананите и тие да останат свежи во наредните 4-5 дена, се што треба да направите е да ја завиткате дршката на банатата со фолија.
На едноставен начин исчистете ја тавата
Старата, железна тава можете да ја исчистите користејќи само три намирници: сол, масло и компири. Ставете ги солта и маслото во тавата и со помош на компирот протријте ја површината. Разликите ќе бидат веднаш видливи.
Наполнете ја батеријата на телефонот побрзо
Доколку имате малку време на располагање, а имате потреба од тоа вашиот телефон да биде наполнат до крај, се што треба да направите е прво да го ставите телефонот на "авионски режим" и да започнете со полнењето.
Вратете го првобитниот изглед на вашата перница
Сите во одреден период во животот сме се соочиле со рамна и неудобна перница. Старите перници со текот на времето ја губат провобитната состојба и предизвикуваат вкочанетост и болки во вратот. За да заштедите пари и да не купувате нова, старата перница ставете ја на сонце и оставете ја така 30 минути. Сонцето ќе ја апсобрита влажноста и ќе и го даде првичниот изглед.
Отстранете ја дамката од кармин
Колку пати ви се случило да ви остане дамка на облеката од вашиот омилен кармин? Доколку дојде до тоа, не стравувајте дека таа облека веќе никогаш нема да можете да ја облечете. Прснете лак за коса директно на местото, почекајте 15-тина минути и после истриете со влажна крпа.
Лесно исчистете го блендерот
Кога станува збор за миење садови, вистинска ноќна мора е кога треба да се чисти блендерот. Наместо да ја одложувате оваа обврска и да дозволите смесата да се засуши и да се направи поголем проблем, ставете течен сапун во блендерот, додадете вода, вклучете го да работи и потоа само исплакнете со вода.
Решете го проблемот со големиот број кључеви
Кључ од дома, кључ од гаража, кључ од подрум, кључ од канцеларија, кључ од кола. Големиот број кључеви е дел од содржината на секоја ташна. За полесно да го пронајдете соодветниот клуч за соодветната брава, се што треба да направите е секој од нив да го обоите со различен лак за нокти. Доста едноставно, нели?
Имајте свежо овошје во секој период од денот
Доколку сте зависник од портокали, праски, јаболка и мандарини, тогаш претпоставуваме дека на вашата маса речиси секогаш може да се најде чинија со овошје. За да спречите нивно сушење, ставете лимон помеѓу нив и на тој начин обезбедете си дополнителна свежина.
Исчистете го тепихот од крзно
Доколку имате и тепих и милениче по дома тогаш знаете каква лоша комбинација претставуваат овие две работи. Брисачот што го користите за да ги исчистите прозорите на автомобилот ќе ви помогне на едноставен и брз начин да го отстраните целото крзно од вашиот тепих.