Од утрово, мобилните линии и интернетот на „Телеком“ се во привремен прекин. Граѓаните се жалат дека не можат да воспостават сигнал, не ми стигнуваат ниту СМС пораки. Дека има проблеми со мрежата потврдуваат и од компанијата.
„Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите“, стои во нивното соопштение до јавноста.
Засега оттаму не соопштуваат до кога ќе траат прекините.