Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2023 година.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
Неработните денови одбележани со задебелени букви се и продолжени викенди. Погледнете кои ќе бидат тие во претстојната година и испланирајте ги вашите следни авантури:
За сите граѓани на РМ:
8 септември (петок), Ден на независноста,
11 октомври (среда), Ден на народното востание,
23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (петок), „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од православна вероисповед
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
01 ноември (среда), Празникот на сите светци,
25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница
22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на еврејската заедница
25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница
21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.