iPhone изобилува со многу одлични карактеристики за кои веројатно не сте ни свесни. Дел од нив можат да направат вистинска разлика во начинот на кој функционира вашиот телефон. Ова се дел од најдобите трикови и на кој начин истите да ги пронајдете.
Скриjте ги приватните слики
Повеќето од нас немаат проблем со тоа да ги покажуваат омилените слики на нашите блиски. Но, што кога колекцијата вклучува одредени чувствителни слики кои сепак сакате да останат само за ваше око? За среќа, Aјфонот го олеснува прикривањето на овие слики. Во фолдерот со фотографии, одберете една или повеќе слики, кликнете на копчето "share" и потоа изберете ја опцијата "hide". На овој начин, избраните слики ќе станат невидливи за прегледи.
Добивајте нотификации преку блицот од камерата
Ова може да биде од голема корист доколку сте на состанок, и потребно е да го ставите вашиот телефон на маса свртен со лицето надоле како не би го попречувале текот на состанокот. За да ја активирате функцијата, одете во "settings", потоа кликнете на "general", па на "accessibility". Следен чекор е да го наместите светлото за предупредувања со кликање на опцијата "on" и започнете да добивате нотификации преку блицот од камерата. Доколку не сакате да бидете вознемирувани кога телефонот ви е на режим на нечујно, можете да направите блицот да не се осветлува при прием на нотификации.
Претворете ги е-книгите во аудио книги
Како и повеќето паметни телефони, така и Ајфонот има голем број на опции за пристапност. Една од нив е "speak screen" со чија помош може на глас да се прочита било кој текст. Оваа опција примарно е направена за лицата со оштетен вид, но секој може да ја искорити по потреба. Со оваа опција можете да слушате книги додека патувате до работа, додека лежите во кревет или додека џогирате. За да ја активирате одете во "settings", оттука во "general", па во "accessibility" и на крај во "speech". Откако ќе активирате "speak screen", за секоја апликација која ќе ја користите само повлечете од горниот дел на екранот надоле со двата прста. Вака ќе можете да слушнате содржини на глас, било да станува збор за книга, електронска пошта, статија или белешка.
Сликајте додека снимате видео
Веројатно сите имаме наидено на ситуација додека снимаме да сакаме да го овековечиме тој момент и со слика. За среќа, Ајфонот овозможува да ги правите двете работи истовремено. Се што треба да направите е да го приситнете копчето "shutter" коа се појавува веднаш до копчето за видео. На овој начин, сликата ќе биде сликана со помош на сензорите на видео камерата. Овие слики нема да бидат толку чисти како останатите, но сепак е многу корисна опција.
Автоматски игнорирајте слаби wi-fi конекции
Секако дека доколку сте во близина на мрежа секогаш е подобро да се користи wi-fi конекцијата отколку сопствените 4G. Но, понекогаш надворешните конекции знаат да бидат бавни, особено кога рутерите се премногу далеку или кога на мрежата истовремено има многу корисници. iOS 9 користи фунцкија "WiFi assist" која предизвикува спори мрежи автоматски да бидат игнорирани, и наместо тоа да користи други побрзи 4G мрежи.
Подобрете го траењето на батеријата
Брзото трошење на батеријата е примарен проблем на секој сопственик на Ајфон. Доколку батеријата брзо ви се троши одете во "settings", одберете ја опцијата "battery" и вклучете "low power mode". Батеријата најмногу ја трошат оние апликации кои работат во позадина. За да додадете траење на вашата батерија - од "settings", кликнете на "general", па на "spotlight search" и ограничете ги оние апликации кои користат најмногу енергија.