Статистиката за продажба на игри во Европа во јули покажа дека играчите се враќаат на истите игри за време на „сушниот период“.
Јули 2023-та година не беше баш полн со некои возбудливи игри, како што е вообичаено во текот на летото. Затоа не е изненадување што Европејците повторно најмногу ја купија речиси десетгодишната „GTA 5“.
Според извештајот на „GI.biz“, 11,6 милиони игри биле продадени во Европа во текот на јули, што е за 34% повеќе отколку во истиот период во 2022-ра година. Од нив, 7,9 милиони игри беа продадени дигитално (не сметајќи ги игрите на „Nintendo“), а 3,7 милиони игри беа во физички копии.
На европскиот пазар во текот на јули се продадени 493 илјади конзоли (не сметајќи ги Германија и Велика Британија), што е за 62,5% повеќе во однос на седмиот месец од минатата година. Најпродавана конзола беше „PS5“, а потоа и „Nintendo Switch“.
Што се однесува до новите игри, само играта „Pikmin 4“ за „Nintendo Switch“ се најде меѓу 20-те најпродавани во јули, на 11-то место.
Еве ја листата на најпродаваните игри во Европа во текот на јули:
1. „Grand Theft Auto 5“
2. „FIFA 23“
3. „Red Dead Redemption 2“
4. „Diablo 4“
5. „Hogwarts Legacy“
6. „The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom“
7. „The Crew 2“
8. „F1 23“
9. „Call of Duty: Modern Warfare II“
10. „NBA 2K23“
Извор: denar.mk