Глобалната софтверска компанија Алтаро ви нуди интересни и нови предизвици за унапредување на вашата кариера во својата канцеларија во Скопје, Македонија. Алтаро е старт-ап кој прерасна во интернацинална компанија и денес има претставништва во САД, Велика Британија, Франција и Германија, а од пред една година и во Македонија. Во моментов, компанијата ги вклучува 15-те вработени од канцеларијата во Македонија како дел од својата меѓународна фамилија, која брои повеќе од 90 лица. Приклучи се и ти!
Алтаро е во потрага по Full Stack програмери, кои ќе бидат дел од Cloud Services Development тимот. Како програмер, ќе имаш можност да дизајнираш и имплементираш најразлични проекти почнувајќи од интерактивни апликации со cloud-базирани RESTful Services па и Windows Desktop продукти. Овие проекти, како дел од сопственото софтверско решение, се користат од страна на се поголем број на клиенти на Алтаро т.е. над 40,000 компании во светот.
Доколку не си програмер, Алтаро го гради свој тим од ИТ рок ѕвезди, кои ќе бидат поддршка на ИТ професионалците шурум светот со цел да се дијагностицираат и решат техничките проблеми со компанискиот софтвер за backup на податоци на виртуелни машини.
Овие софтверски херои имаат пристап до многу нови технологии за виртуелизација, но истовремено ги пронаоѓаат грешките во софтверот и ги пријавуваат на тимот програмери за нивно отстранување.
Алтаро развива сопствено софтверско решение, користејќи напредни технологии кои им овозможуваат на вработените пристап до нови идеи и можности за напредок на работното место.
На овој начин, програмерите и претставниците за техничка поддршка во Алтаро уживаат во работата многу повеќе фокусирајќи се на еден производ, кој се користи во целиот свет, отколку да работат на различни проекти без континуитет. Ова го поттикнува и личниот развој кај вработените, имајќи предвид дека тие се и дел од глобален тим на професионалци.
Исто така, новите вработени имаат можност да бидат дел од Altaro Bootcamp, нова и возбудлива програма за заработка додека се учи, која им овозможува на новодојдените тренинг и обука за да се стекнат со потребните вештини.
Оваа програма е отворена за кандидатите за техничка поддршка, како и за кандидатите за програмерските позиции. Altaro Bootcamp нуди платено вработување на неопределено време, со единствена разлика што кандидатите се обучуваат пред да започнат со работа на реалниот продукт. Обуката ја врши квалификуван предавач ангажиран од страна на Алтаро, кој на почетниците им задава задачи, ги надгледува и води низ целиот процес во првите месеци работа во компанијата.
Сите нововработени во канцеларија во Скопје, заминуваат на едно неделна обука во Малта, како и да се запознаат со тимот. Најдобриот дел од годината е годишниот состанок - Аll-hands meeting, кога сите вработени од сите канцеларии на Алтаро се среќаваат во Малта за да ги споделат најновите достигнувања и да разговараат за идните планови за развој на компанијата. Состанокот претставува и одлична можност сите да се забавуваат заедно.
За Алтаро
Денес, Алтаро има повеќе од 40,000 компании од 121 различна земја како свои клиенти. Исто така, компанијата има глобална мрежа на повеќе од 7,000 партнери, кои ги вклучуваат светските гиганти како NASA, Microsoft, Xerox, Discovery Channel, Amazon, Thomson Reuters и Peugeot.
Беспрекорната техничка поддршка е една од најважните аспекти во компанијата, заедно со континуираниот развој на софтверот. Многуте меѓународни признанија, награди и позитивни оценки од клиентите претставуваат доказ за посветеноста на компанијата на квалитетот.
Важен дел од секојдневието во Алтаро е чувството на поврзаност и припадност, кое е клучно за успехот на компанијата. Тоа се гради со многу различни тим билдинг активности.
Сакаш да бидеш дел од интернационална средина, работејќи со тим ентузијасти кои изработуваат софтвер со висок квалитет и користен од страна на престижни клиенти, истовремено да уживаш во својата автономија и флексибилност и континуирано да се надградуваш?
Пријави се веднаш: Алтаро има отворени позиции за