Постојат 3 начини со кои можете да стигнете до кандидати. Просветлете ги со вашите отворени работни позиции, бенефиции и придобивки кои ги нудите и станете брендиран, ексклузивен или премиум изложувач на најголемиот онлајн Регионален саем за вработување од 24 до 31 октомври
Нашиот партнер МојПосао од Хрватска го организира овој саем четиринаесетта година по ред, со оглед на постоечката потреба на работодавачите да се истакнат на пазарот на трудот. Поттикнати од нивното позитивно искуство, Vrabotuvanje.com го донесе саемот во Македонија во овој формат во 2019 година, а низ годините бележиме постојан пораст на бројот на компании кои ја препознаваат корисноста на оваа алатка.
Саемот нуди можност да се привлечат кандидати кои активно бараат работа, но и оние кои се пасивни бидејќи се веќе вработени. Токму уникатноста и ексклузивноста на овој тип на настан (кој се организира само еднаш годишно) ги поттикнува кандидатите да истражуваат нови можности на пазарот на трудот. Не ја пропуштајте можноста токму вашата компанија да биде нивен избор за идно вработување.
Без разлика кој тип на штанд ќе го изберете, секој од нив нуди бројни придобивки и пропорционално учество во медиумска кампања со досег до преку 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати.
Дознајте повеќе детали и резервирајте штанд на време!
За дополнителни информации и резервација на штанд, посетете ја веб-страницата на саемот или контактирајте нè директно:
Каролина Апостоловска
Проектен менаџер
karolina@vrabotuvanje.com.mk
+389 (0)77 983 837