Севим Тара, 72-годишна Турчинка, е вистинска инспирација со својата решителност и желба за образование, пренесува „Анадолу“.
Тара, која има три деца и пет внуци, решила да научи да чита и пишува на постара возраст и се запишала на курс во Едрене.
Оваа Турчинка, која сака да им биде пример на другите дека никогаш не е доцна за образование, сега сака да заврши средно училиште, па дури и факултет.
Во интервју за „Анадолу“, таа изјавила дека во детството не можела да оди на училиште. Како што изјавила, таа со години се соочувала со потешкотии со читањето и пишувањето.
„Да знаев да читам и да пишувам порано, ќе читав книги, ќе можев да читам весници. Но, кога си неписмен – ништо од тоа не можеш да го правиш“, вели Тара.
Тара потенцирала дека нејзината учителка Ајсун Челмез многу ѝ помогнала во учењето. Со нејзина помош, жената научила да чита и да пишува во период од три месеци.
Во разговорот за „Анадолу“, таа истакнала дека сака да го продолжи своето образование во иднина.
„Сакам прво да завршам средно училиште, а потоа и факултет. Сакам да учам на факултет. Понекогаш читам книги дома со внуката, која оди е во основно училиште, а таа ми аплаудира кога читам, што особено ме радува. Откако научив да читам и пишувам се чувствувам многу помладо и посреќно. Без разлика на возраста, никогаш не е доцна за образование и наука“, изјавила таа.