Животните природно се заинтересирани за сè што е забрането – особено мачките. Не е баш најпосакувано мачката да се качува на маса, на работните површини и на други слични места во кујната.
Со кучињата, во принцип, такви проблеми не постојат, тие ретко се обидуваат да ја надминат нивната висина, па затоа денеска ќе зборуваме само за лошите навики на мачките. Како да ѝ го одвлечете вниманието на мачката и да ја научите да не се качува на масата?
За почеток, размислете што ја предизвикува мачката да се качи на забранетите површини. На пример, остатоци по ручек или вечера, или можеби бонбони, салфетки, чанти или моливи, кои можат да бидат забавни за играње на масата. Првото нешто што треба да го направите е внимателно да отстраните сè, за ништо да не ја привлече да се качи. Можеби во неколку наврати ќе скокне на масата и ќе провери дали има нешто интересно за неа, но кога постојано ќе наидува на празна површина, најверојатно, брзо ќе изгуби интерес.
Ако и понатаму вашата мачка продолжи да го прави тоа, време е да преземете неколку докажани методи. На пример, ставете тава или послужавник со вода на маса или друга хоризонтална површина, за да не се гледа од местото каде што мачката обично скока. Откако ќе направи скок, ќе доживее многу непријатно искуство, по што ќе размисли дали да се обиде следниот пат. Друга опција – избришете ја површината со производи од цитрус или масло од лимон (достапно во аптеките). Мачката не го сака мирисот на цитрус и затоа миризбата ќе ѝ биде еден вид знак стоп.
Бидете толерантни кон вашиот миленик, но бидете и упорни во остварувањето на вашата цел и успехот е загарантиран!