Кафето е најздравиот, а вооедно и најконзумираниот пијалок на планетата. Секојдневно се пијат преку 2 милијарди чаши кафе. Неколку масивни студии покажале дека луѓето кои се љубители на кафе живеат подолго и имаат намален ризик од појава на болести, како Алцхајмер и дијабетес. Кога пиете кафе вие не внесувате само кофеин, туку и цела друга група на корисни состојки, вклучувајќи ги и моќните антиоксиданти.
Во 2012 година била спроведена најголемата студија каде се испитувале ефектите на кафето. Во оваа студија биле испитани 402 260 индивидуи на возраст помеѓу 50 и 71 година. Откако 12-13 години била следена нивната конзумација на кафе се добиле интересни резултати. Според нив, оние кои пиеле најмногу кафе имале поголеми шанси да живеат подолго и дека за тој ефект доволни биле од 4 до 5 чаши на ден. Со ова количество мажите имале за 12% намален ризик од смрт, а жените за 16%. Резултатите покажале дека дури и пиењето една чаша на ден доведува до намален ризик за 5-6%, што значи дека дури и малку е доволно за да има резултат. Од друга страна, пиењето 6 или повеќе чаши не обезбедила никаква дополнителна корист.
Истражувањето покажало дека кај луѓето кои редовно пиеле кафе се намалиле како причини за смрт инфекциите, респираторните заболувања, дијабетесот, мозочниот удар и проблемите со срцето. Иако станува збор за опсервациска студија, сепак овие резултати се доказ дека кафето не е непријател на вашето тело.
Друга студија од Харвард покажала дека кафето може да ве направи посреќни со тоа што го намалува ризикот од депресија за 20%. Тоа значи дека кафето не само што додава години во вашиот живот, туку може да додаде и живот во вашите години.