Истражувачите низ низа студии во текот на годините откриле зошто толку многу луѓе имаат одбивност кон понеделникот како ден. Според податоците на тимот од Институтот за социјални и економски истражувања на Универзитетот во Есекс, колку луѓето се поблику до понеделничкото утро толку повеќе нивното расположението се влошува.
Истражувачите зборувале со 5000 работници на почетокот и на крајот на неделата. Според очекуваното, луѓето кои биле интервјуирани во петокот се покажале значително посреќни отколку тие во понеделникот.
Д-р Марк Тејлор вели дека понеделникот е вистински хорор. Петокот се поврзува со поголемо задоволство од работата и кај двата пола, додека неделите се поврзани со пониско задоволство, додава Тејлор. Главната детерминанта заради која не сме задоволни е тоа што работиме повеќе часови отколку што сакаме. Зголемената флексибилност и земањето слободни денови во текот на неделата можат да помогнат, смета Марк.
Друго истражување кое вклучувало 2000 испитаници покажало дека секој трет човек има аверзија спрема понеделник. Според него, просечна возрасна личност во понеделник се жали околу 34 минути, додека во останатите денови таа бројка е намалена на 22 минути. Исто така, во понеделник луѓето ретко се задоволни од својата фризура, полесно ги иритира сообраќајната ситуација, а болките и уморот се многу посилни.