Животот е составен од можности, а една од највозбудливите можности за сите работобаратели кои се стремат кон напредок и промени во кариерата е пред вратата... Бидете подготвени!
За околу еден месец започнува најголемиот онлајн настан во светот на вработувањето - Регионалниот саем за вработување!
Во текот на една недела, од 24 до 31 октомври, направете чекор поблиску до вашите цели во кариерата, запознајте водечки работодавачи од Македонија (и соседните земји) и придружете се на нивните динамични тимови.
Со други зборови, ова е совршена можност да најдете нова и подобра работа!
Запознајте ги работодавачите кои ве бараат токму вас!
Секоја година, бројни реномирани компании од регионот учествуваат на Регионалниот саем за вработување, носејќи со себе мноштво разновидни деловни можности. Минатата година на саемот учествуваа повеќе од 150 работодавачи кои беа подготвени да ги засилат своите тимови со нови таленти. Без разлика дали сте искусен професионалец или само што влегувате во професионалниот свет, вашето место ќе го најдете овде.
Времето е клучен фактор во процесот на подготовка за Регионалниот саем за вработување. За среќа, имате цел месец да го освежите вашето CV, да го креирате и подобрите вашиот профил на Vrabotuvanje и да се подготвите за интервју(a) со потенцијални работодавачи.
Не го чекајте последниот момент, сега е вистинското време да се „фатите за работа“!
Освежете го вашето CV - 10 клучни совети
Содржина што се истакнува: Вашата биографија треба да биде јасна, концизна и релевантна. Нагласете ги вашите најважни вештини и искуства.
Персонализација: Прилагодете ја вашата биографија за секој работодавач. Нагласете го она што е релевантно за позицијата за која аплицирате, а во исто време „користете“ го огласот што ве поттикна да аплицирате.
Професионален изглед: Дизајнот исто така игра улога. Користете модерни и професионални шаблони за да оставите добар прв впечаток.
Релевантно искуство: Наведете искуство што е тесно поврзано со бараната позиција. Избегнувајте непотребни детали.
Вештини и квалификации: Јасно наведете ги вашите вештини и образование за работодавачите веднаш да го видат вашиот потенцијал.
Достигнувања: Не заборавајте да ги истакнете вашите достигнувања и придонеси на претходните работни места. Бидете што е можно поконкретни.
Референци: Наведете референци или препораки што ги потврдуваат вашите компетенции.
Дигитално присуство: Вклучете релевантни онлајн профили, доколку ги имате, за да можат работодавачите да добијат сеопфатен преглед на вашата кариера.
Правопис и граматика: Проверете неколку пати за граматички и правописни грешки. Неуредно CV може да остави лош впечаток.
Мотивациско писмо: Ако заедно со CV-то, испратите и мотивационо писмо/апликација, приспособете го на работното место, како и на работодавачот кај кој аплицирате.
Секоја кариера е како патување, а секој чекор што го правиме носи со себе потенцијал за раст, успех и личен развој. Заокружете ги датумите од 24 до 31 октомври во вашиот календар и подгответе се да зачекорите во ново поглавје од вашата кариера. Се гледаме на Регионалниот саем за вработување!
САКАШ ПОДОБРА РАБОТА ЗА СЕБЕ?
НЕ ПРОПУШТАЈ ГО НАЈГОЛЕМОТ РЕГИОНАЛЕН ОНЛАЈН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ