На отварањате на 15 по ред HR конференција на која Вработување.ком е генерален покровител свое воведно обраќање имаше и основачот на првиот портал за огласи за вработување - Дарко Велков кој и официјално пред присутните обелодени дека Вработување стана дел од најголемата Европска групација на сајтови за вработување - Alma cаreer.
-Имено, за разлика од претходните години, денес ви се обраќам не само во име на порталот Вработување.ком, туку во име на групацијата Alma Career - Истакна Велков во својот поздравен говор, па додаде..
- Нашата Вработување.ком и официјално од јули оваа година стана рамноправна членка и дел од оваа Финска групација на што сме посебно горди бидејки ја исполнивме нашата мисија и нашата цел, Вработување да стане признат европски бренд!
Групацијата Alma Career, работи во 16 земји и е лидер во вработувањето во земјите од Југоисточна Европа, Балтикот, Балканот и Финска. А нивниот слоган кој станува слоган и на Вработување .ком е
A better world of work for everyone. Inspired by people. Powered by technology.
-Иако работиме на глобално ниво, нашите срца сè уште се локални, што значи дека сите информации за нашата работа и решенија во Македонија може да се најдат на нашите локални страници и сите социјални медиуми на Вработување.ком- нагласи Велков
-Со ова отвораме уште едно ново поглавје на нашето заедничко патување во креирањето решенија за подобар свет на вработување. Со знаењето што го имаме и благодарение на пристапот до повеќе пазари и поширокиот дофат, современите технологии и иновации што ги имаме како дел од семејството Alma Career, сигурни сме дека ќе продолжиме да бидеме ваш најдобар партнер на патот кон наоѓање и вработување на вистинските кандидати.
Најголемата HR конференција која ја обединува заедницата за човечки ресурси од земјава се случува во Холидеј ин.