Регионалниот онлајн саем за вработување е наменет за сите компании кои сакаат да ангажираат работници од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина или Словенија.
Бидејќи саемот е виртуелен и не е потребно физичко присуство, целиот процес е многу едноставен и брз.
Дополнително, бидејќи Vrabotuvanje.com и нашите партнери на саемот MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија се дел од финската групација Alma media, запознаени сме со проблемите на пазарот на труд во Европа и во светот и поради таа причина се одлучивме за овој концепт на саемот.
Зошто да учествувате?
• Саемот е достапен 8 дена на сите уреди, од 0 до 24 часот и овозможува директна комуникација со заинтересираните кандидати за работа.
• Корисничка платформа за изложувачи и посетители која е прилагодена на мобилни уреди што ги користат 84% од посетителите на Саемот.
• Можност за истовремено изложување на компанијата во повеќе земји од регионот.
• Медиумска кампања на саемот во сите земји учеснички.
• Покрај пополнување на тековните слободни работни позиции, создавате и база за идни потреби.
Како функционира Регионалниот онлајн саем за вработување?
Бидејќи станува збор за онлјан платформа, можете да ги направите сите потребни чекори за да креирате и уредите штанд со само неколку кликови.
Откако ќе го уредите вашиот штанд и ќе ни испратите огласи за работа што сакате да ги објавите на саемот за вработување, можете да се вратите на вашите секојдневни обврски.
Кога ќе започне саемот, нашиот маркетинг тим ги лансира сите кампањи и објави на социјалните мрежи и портали итн.
За време на саемот, вашите огласи се објавуваат и на платформата од саемот и на порталот Vrabotuvanje.com.mk, што ви овозможува најдобра видливост на вашите огласи и досег до кандидатите.
Меѓутоа, доколку сакате да бидете активни и да имате интеракција со кандидатите на саемот, тоа можете да го направите преку опцијата чет. Ако ја вклучите оваа функционалност, заинтересираните кандидати ќе можат да ви испраќаат пораки и прашања. Доколку во одреден момент не сте онлајн на саемот, на вашата e-mail адреса ќе добиете известување дека сте добиле порака, по што можете да се најавите на саемот и да го испратите одговорот назад.
Остануваат уште само неколку дена за пријава на компании!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ШТАНД