Црногорскиот натпревар во лежење заврши по 50 дена, а победник е 23-годишната Лидија Марковиќ од Никшиќ.
Во објавата на Instagram на етно селото Монтенегро во Доња Брезна, каде што се одржуваше натпреварот, се наведува дека финалистите на натпреварот Лидија и Филип постигнале договор и на тој начин решиле да ја споделат победата, но Филип медиумската слава ѝ ја оставил на неговата противничка.
„Во деновите на ‘осаменост’, кога душата се соочува со себе, најдлабоко се размислува за сè. Имаше смеа, плач, молитви. Тие двајца од вкупно 21, ги испратија натпреварувачите од Црна Гора, Русија, Србија и Украина“, се вели на почетокот на објавата.
И двајцата решија заедно да застанат на тронот и заедно со порака до сите југословенски народи и политичари порачаа дека љубовта и хармонијата решаваат сè. Филип како џентлмен медиумската победа ѝ ја препушта на Лидија“, напишаа тие.
Како што пренесува blic.rs, овогодинешната победничка има 23 години и по професија е козметичарка, а во претходните изјави за медиумите изјави дека нема да се откаже.
„Воопшто не е тешко. Сè уште не сум се одморила и не планирам да станам. Ништо не е тешко. Дојдов овде да се одморам и навистина да уживам", изјавила таа претходно.
Интересно е тоа што родителите ѝ понудиле 1.000 евра колку што е наградата за оваа година, но таа не сакала да се откаже бидејќи, како што вели, со години се подготвувала за натпреварот.
Потсетуваме дека овој натпревар се одржува 12 години по ред. Овогодинешното издание започна на 18 август, а привлече големо медиумско внимание бидејќи во првата недела беше соборен рекордот од 117 часа кој го држеше Дубравка Алексиќ од Подгорица.
Извор: kajgana.com