Погрешно е прочитана одлуката. Таа има два дела – продукти кои што спаѓаат во повластената даночна стапка од 5% и таму е дефинирано за разлика од претходното дефинирање во законот. Понатаму можам да ве насочам во одлуката која е од 66 страници. Има вкупно 358 продукти или царински тарифи со одредени продукти кои спаѓаат во новата стапка од 10%. Ако трговците и производителите, различно ја прочитале или не е доволно јасна, ние можеме истата да ја објасниме и на следната владина седница, да ги решиме, рече вицепремиерот за економски прашања, откако беше објавено дека повеќе производи повторно ќе поскапат.
Како што истакна вицепремиерот, може да има различно толкување одлуката.
- Се согласувам дека млечен намаз со висока масленост од овчо млеко, треба да биде во несекојдневен основен продукт и да има стапка од 10%. Такви работи сметам дека треба да се сменат. Треба јасно да се каже за кои продукти се однесува, кажа вицепремиерот, одговарајќи на новинарски прашања.
Извор: biznisinfo.mk