Еден просјак на семафор или на раскрсница дневно (во три смени просење и чистење автомобилски стакла) остварува профит од 1.800, 3.500, па сè до 5.000 денари, покажало истражувањето на Здружението „Градиме иднина“. Тоа се пари заработени на лесен начин и се без давачки кон државата. – На пример, 200 деца по 2.000 денари на ден од питачење, земаат вкупно 400.000 денари. Каде одат и во чии џебови завршуваат овие големи суми од просење. Децата добиваат само 10 до 50 денари од целиот дневен промет од просење. Ова со страв ми го кажаа и потврдија малите деца питачи – вели претседателот на Здружението, Илија Јовановиќ, кој утре на министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе му го презентира проектот „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“.
Еден просјак на семафор или на раскрсница дневно (во три смени просење и чистење автомобилски стакла) остварува профит од 1.800, 3.500, па сè до 5.000 денари, покажало истражувањето на Здружението „Градиме иднина“. Тоа се пари заработени на лесен начин и се без давачки кон државата.
– На пример, 200 деца по 2.000 денари на ден од питачење, земаат вкупно 400.000 денари. Каде одат и во чии џебови завршуваат овие големи суми од просење. Децата добиваат само 10 до 50 денари од целиот дневен промет од просење. Ова со страв ми го кажаа и потврдија малите деца питачи – вели претседателот на Здружението „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ.
Според него, во државата има 18.700 деца питачи, кои поради тоа што секојдневно се на улица, не се запишани во градинка, основно или во средно училиште. Ако се додаде на тоа податокот дека 1.044 ученици пред неколку години се изјасниле дека користат наркотични средства, односно оти се зависници и корисници на марихуана и на хероини, состојбата станува алармантна.
Линк до целиот текст: vecer.press