Со поевтинувањето, дизелот од вечерва на полноќ ќе чини 81 денар за литар
Малопродажната цена на Еуродизел од вечерва се намалува за два денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно најновата одлука.
Со поевтинувањето, дизелот од вечерва на полноќ ќе чини 81 денар за литар.
Поевтинува и Екстра-лесното масло за домаќинство – исто така за два денара и од ноќеска ќе се продава за 80 денари за литар.
Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму чини 81 денар за литар, додека литар Еуросупер БС-98 се продава по цена од 83 денари.