Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 248/2018
за вработување на 6 државни службеници од група I, подгрупа I во Државен завод за статистиказа следните работни места
Помлад соработник за плати и заработка на плати, Одделение за пазар на трудот, Сектор за социјални статистики
Помлад соработник за примерок, Одделение за статистички и математички методи, Сектор за информатичка поддршка
Соработник за имплементација на програмски решенија, Одделение за пазар на трудот, Сектор за социјални статистики
Соработник за апликативен и информатички развој, Одделение за апликативен и иинформатички развој, Сектор за информатичка поддршка
Соработник за јавни набавки, Одделение за јавни набавки и општи работи, Сектор за поддршка на работењето на директорот
Соработник за анкета за потрошувачка во домаќинствата и други истражувања за животен стандард, Одделение за животен стандард, Сектор за социјални статистики