Пол Барел, поранешниот батлер на принцот Чарлс (69) и покојната принцеза Дијана, тврди дека престолонаследникот има такви бизарни барања поради кои му бил доделен епитетот "размазениот принц".
Неговите пижами секое утро се тресат, врвците после секое носење се перат и се пеглаат како би биле сплескани, одводот во кадата мора да биде на одредена страна, а температурата на водата да биде загреана до бараниот степен, открива Барел во документарецот "Serving the Roylas: Insite the Firm".
Слугите имале задолженија од типот истиснатата паста на четката да биде точно 2,5 сантиметри, а тоа не е најлудата ствар која била побарана од нив. Барел вели дека додека работел за принцезата Дијана, најчестото задолжение било да му подава работи на принцот што и самиот тој можел да ги земе само со пружање на раката.
Во една прилика додека беше во библиотека ме повика и ми рече: "Пол, писмото од Кралицата случајно ми падна во кантата за ѓубре, те молам, ќе можеш ли да го подигнеш?", раскажува Барел.
Во едно од интервјуата што биле направени за потребите на документарецот, поранешниот батлер тврди дека Чарлс се пресоблекува 5 пати дневно. Меѓу другото, принцот секаде си носи сопствена даска за веце шолја, а спие исклучиво на "специјална кралска постелнина", која се пегла и затегнува до степен да нема ниту една линија, местење кое понекогаш одземало и до еден час.
Иако Чарлс веќе не седи на тронот, сепак одамна го третираат како крал, констатираат авторите на документарецот.