Ролс-Ројс најави дека планира да укине до 2.500 работни места ширум светот за да создаде поефикасна компанија. Ова е првиот поголем потег на Туфан Ергинбилгиќ, кој кога стана извршен директор во јануари, го опиша Ролс-Ројс како „платформа во пламен“, пренесува Фена.
Ролс-Ројс не даде детали за тоа каде ќе се отпуштат работниците, но извештаите укажуваат на тоа дека стотици работни места во Велика Британија ќе бидат погодени, јавува Би-Би-Си.
Извор: vecer.press