Цената на парното ќе биде позната во вторник. Ќе нема ценовни шокови. Знаете дека имаме инфлација, сите давачки на компаниите се зголемени. Не верувам дека ќе има поголемо зголемување од 5. Тоа би значело плус некои 50-60 денари за просечен стан, изјави вчера претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
Во настапот на телевизија Сител тој рече дека оваа цена ќе важи од ноември па до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас.
– Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски.