Цените на храната во ЕУ, по значителниот скок во 2022 година, продолжуваат да растат оваа година, а маслиновото масло во септември поскапело за 75 отсто отколку во јануари 2021 година, објави Евростат.
Според веб-страницата на организацијата, податоците за вториот и третиот квартал покажуваат дека цените на јајцата, путерот и компирот во ЕУ растат нешто побавно од претходно, додека цената на маслиновото масло постојано расте.
Од јануари 2021 до септември годинава компирот поскапе за 53 отсто, а пикот е забележан во јуни, кога цените на оваа храна беа за 60 отсто повисоки во однос на првиот месец од 2021 година.
Јајцата беа поскапи за 37 отсто во септември отколку во јануари 2021 година. Нивната цена се стабилизира во првите два квартали од 2023 година, а одредено намалување е забележано во август и септември.
Цените на путерот се развија на сличен начин. Врвот на растот беше во декември 2022 година, кога цените на храната беа за 44 отсто повисоки од јануари 2021 година, оттогаш тие постепено се забавуваат. Во септември путерот беше поскап за 27 отсто од почетокот на 2021 година.