Маслиновото масло се претвори во „течно злато“ во Грција и неговите производители се во паника бидејќи секојдневно се соочуваат со десетици кражби.
Кражбата на маслинки стана голем проблем за производителите ширум Грција, изјави за јавниот канал на земјата, Димитрис Гуциучас, одгледувач на маслинки од Халкидики, во Северна Грција, каде што пред две недели беше украдена количина масло од речиси 350 тони. Но, кражби на маслинки се забележани во последните недели низ целата земја од Крит, до Пелопонез и до Александруполи.
„Сите производители се жалат дека кога ќе се стемни, гледаат луѓе во маслиновите градини како собираат маслинки со своите вреќи, обидувајќи се да ги украдат“, рече Димитрис Гуциучас.
Заедно со полициските патроли кои ја интензивираа работата, дел од производителите сами ги бранат маслиновите насади.
„Има многу производители кои во своите маслинови насади пронајдоа вреќи полни со маслинки подготвени да бидат украдени. Крадците ги собирале и побегнале“, изјави Димитрис Гуциухас.
Проблемот со кражбата на маслинки особено оваа година се зголемува бидејќи неговото производство е многу намалено, дури во некои области како Централна Македонија и подрачните единици Пиерија, Иматија и Пела достигнува и до 70 отсто како резултат на поскапувањето, додека маслиново масло исто така е еден од најбараните производи за извоз. Сега литар маслиново масло се продава во супермаркетите од 10-22 евра во зависност од квалитетот.
Многу потрошувачи изјавуваат дека веќе го промениле начинот на исхрана, намалувајќи ја потрошувачката на маслиново масло до апсолутно непотребно.