Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во септември година, изнесува 37.876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 %), Образование (10.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 56.896 денари.
Проверете ја платата за вашата позиција на МОЈА ПЛАТА