49 годишната Весна Нешиќ од Белград е жената која секојдневно предизвикува насмевка и восхит кај многумина
Имено таа половина од својот ден го поминува зад воланот на својот шлепер. Нејзината љубов кон камионите започнала во 2001 година а по 18 години го остварила својот сон.
Иако е невообичаено, сепак оваа дама е страстен камионџија, а за Телеграф.рс опишала некои од најнезаборавните моменти од патиштата.
фото Фејсбук/Весна Нешиќ
– Кога бев во Германија во 2001 година, се заљубив во камиони. А потоа, во 2019 година, бев во Словенија за да судам за нуркање и таму сретнав пријател кој вози шлепер и му реков „Ах, само да можев да го возам во ова“. Ме пушти да возам, беше вторник, а веќе во сабота отидов и се запишав во автошкола – ја започнува својата приказна Весна за српски Телеграф.
фото Фејсбук/Весна Нешиќ
– Кога сакаш нешто, ништо не е проблем. Особено за жената, таа работа треба да се сака за да се заврши. Никаде не можам да заработам колку што можам на таа работа. Имаше многу коментари дека тоа го измислувам како љубов, но навистина е така, сакам да возам, одлично се чувствувам во камионот. Тоа што на граница има многу чекање, товарење, стоење на жештина, но штом седнам зад волан го заборавам сето тоа и продолжувам понатаму.
фото Фејсбук/Весна Нешиќ
– Има непријатни ситуации, но во 90 проценти од случаите колегите ме прифаќаат. Иако има и такви кои ме прашуваат што правам овде - објасни Весна, која додава дека ваквите коментари не ја стресуваат и дека не им обрнува премногу внимание.
фото Фејсбук/Весна Нешиќ
Сепак, жената во камион често добива бенефиции. Гужвата и долгите редици не и се проблем, бидејќи секогаш има некој кој џентлменски ќе ја пушти прв да помине.
фото Фејсбук/Весна Нешиќ
– Пред неколку месеци имаше итна тура во Германија, бидејќи секако ја претекнувам колоната, па го користам шармот да ме пуштат. Таму направив хаос на граница. Едниот не сакаше да ме пушти, другиот ме пушти, па овој ме блокираше. Луѓето излегоа од возилото. Еден колега ме праша „Што правиш овде?“, а јас реков итна тура, ме испратија. Веднаш договорија сите да се преместат за да можам да поминам истакна Весна.
фото Фејсбук/Весна Нешиќ
– Пред некој ден положив з Д категорија, можеби ќе возам малку автобус, тоа ќе биде уште поинтересно. Влегов во училиштето за да станам инструктор. Во камионот сум три и пол години и го остварив мојот сон. Им докажав на другите дека можам и си дадов рок да завршам со возење камиони во 50-тите години, но да станам инструкторка – децидно вели таа.