Составена е листа со десетте најскапи градови во светот
Сингапур и Цирих се најскапите градови оваа година, покажа Економист Интелигенс Унит (ЕИУ), истражувачки и аналитички огранок на Економист Груп, во глобалното истражување за трошоците на животот објавено оваа недела.
Сингапур е лидер по скапотија и тоа деветти пат во последните 11 години. Има најголеми транспортни трошоци во светот и е еден од најскапите градови за облека, намирници и алкохол.
Париз, Копенхаген, Лос Анџелес, Сан Франциско и Тел Авив ги заокружија првите десет. Истражувањето е спроведено пред минатомесечната ескалација на непријателствата во Газа.