Рутината во извршувањето на задачите значи дека своите обврски ќе ги завршите брзо, ефикасно и без многу размислување. Од друга страна, постојат професии во кои е потребно да излезете од рутината и да внесете одредена доза креативнсот, па затоа е природно тие да бидат повисоко платени и со себе да носат бројни привилегии.
Да не бидеме преостри. Постојат и рутински професии кои имаат свои предности и од кои може добро да се заработи, па затоа ќе ви ги претставиме и двете варијанти. Одлуката е секако ваша, а она што ќе ве израдува е тоа што голем број од професиите се наоѓаат во т.н сива зона, односно се мешавина од рутина и креативност.
Рутински професии
Рутината значи отсуство на психички напори за да се совладаат нови и неоткриени деловни пречки. Таквите работни места, многумина ќе се согласат, произведуваат многу помал стрес бидејќи можноста за неуспех е сведена на минимум. Како пример за рутинска физичка работа може да ги земеме работниците во производство коишто точно ги знаат своите дневни задолженија, а тие задолженија се исти секој ден. Кога станува збор за рутинските професии кои бараат поголем интелектуалел, отколку физички напор, тука се професиите како секретар, службеник и други занимања. Тука се секако и професиите од областа на хортикултурата (исклучително го намалуваат стресот), потоа фармацевтските професии (доколку од вас не се бара да измислите некој нов лек)... Готвачите и градинарите се исто така добар пример за рутински, но многу добро платени професии. Да се занимавате со овие професии значи да имате фиксно работно време, како и слободно време во кое не мора да очекувате повици од работа. Затоа често се случува дури и креативни луѓе да претпочитаат рутински професии.
Креативни професии
Во поново време, најголемата опасност за сите што се занимваат со рутински префесии е тоа што во се поголема мера нивната работа ја преземаат роботите. Креативните работни места едноставно наметнуваат постоење на “нова дигитална економија“ која целосно ја менува структурата на пазарот на трудот.
Креативните професии се далеку поплатени од рутинските и се дел од иднината на пазарот на трудот. Најплатените професионалци кои се занимаваат со нерутинска работа се токму креативците. Тука спаѓаат ИТ експертите, веб дизајнерите, специјалистите за дигитален маркетинг и многу други професии од креативната индустрија. Меѓутоа поентата не е само во “дигиталната“ професија, туку и во тоа дека целиот креативен свет е заснован на разлики, а не на пониска цена. Императив е да се биде уникатен, без оглед на тоа каква услуга или производ нудите. Постојат голем број неосвоени пазари, а тие може да се досегнат само со креативни стратегии и иновативни решенија.
Освен платата, предноста на креативната работа е тоа што може да се работи од дома, благодарение на развојот на технологијата, преку телефон или лаптоп. Како главен недостаток, посебно во професиите кои се поврзани со маркетинг или развивање на производ, е зачестената прекувремена работа фокусинара на резултатот, наместо на “правилно распоредено работно време“.
Без оглед на тоа дали се занимавате или сакате да се занимавате со рутинска или креативна професија, Vrabotuvanje.com како водечки портал за огласување на слободни работни места со преку 500 активни огласи ви овозможува брзо и лесно да ја пронајдете вашата посакувана работа пребарувајќи работни места по категории, работни места по градови, работни места по области и занимања.