Новиот предлог-закон за возила, со кој ќе се воведе еколошка категоризација на возилата, односно нивно означување со налепници со зелена, жолта и црвена боја во зависност од тоа колку загадуваат, предвидува и казна од 500 евра ако приватното возило нема налепница.
Ако пак станува збор за фирма, казната ќе биде 2.000 евра. Тоа е утврдено со членот 9 од предлог законот, со кој се менува членот 26 на постоечкиот закон, со кој се исфрла регистрациска налепница и таа се заменува со новата еколошка налепница.
Дополнително, предлагачот на новиот закон, министерството за економија, пресметало дека субвенциите од 5.000 евра за ново електрично возило, односно 3.000 евра за ново хибридно возило, ќе одлеат од државниот буџет 170 милиони денари во 2019 година, 245 милиони денари во 2020 година и 320 милиони денари во 2021 година.
извор: 24.mk