Кинеската апликација ТикТок заработи 10 милијарди долари од корисниците на глобално ниво и е на пат да стане апликација со најголема заработка во историјата, според најновиот извештај на data.ai.
- Во 2024 година ТикТок ќе се приближи до заработката од 15 милијарди долари. Корисниците трошат преку 11 милиони долари дневно поддржувајќи ги нивните омилени креатори на содржина - рече претставникот на data.ai, Лекси Сиду, според Си-ен-ен.
Се очекува корисниците да поминуваат 40 часа месечно на апликацијата, 22 отсто повеќе отколку во тековната година.
ТикТок заработува пари од апликацијата „Coins“ која корисниците можат да ја користат за купување подароци за инфлуенсери на платформата, а кинеската апликација задржува 50 отсто од уплатата.
Оваа година, корисниците најверојатно ќе купат пакет од 1.321 монети за 19,99 долари, а тие купувања претставуваат 25 отсто од сите приходи на ТикТок во апликацијата.
Кинеската компанија има и други извори на приход како рекламирање и онлајн купување. Апликацијата за состаноци Тиндер и платформата Јутјуб се поблиску до 10 милијарди долари приход, но заостануваат зад Тикток за 2-3 милијарди долари.