Забраната за пуштање вода во тоалет после 22 часот во Швајцарија, давањето алкохол на лос на Алјаска или кажувањето пцовки во ОАЕ се некои од бизарните закони во светот. Во случај на кршење на законот може да добиете поголема парична казна или дури да завршите во затвор во некоја земја.
Во некои делови од Шпанја, на пример, незаконски е да правите замоци од песок на плажа, додека во Шкотска е забрането да се јава крава под дејство на алкохол. Еве неколку од најбизарните закони во светот кои ги наведува Daily Mail.
Според законот на Алјаска, незаконски е да му давате алкохол на лос во Фербанкс, Алјаска. Лосовите може да станат агресивни ако консумираат алкохол или ферментирано овошје. Законот бил донесен во 2007 година, кога локалниот лос кого го нарекуваат Базвинки побеснел откако испил пиво од локалната пиварница. Базвинки се заплеткал во новогодишни сијалички и локалните жители го нашле о пијана состојба на градскиот плоштад.
Забрането е да се пушта вода во тоалет после 22 часот во Швајцарија во станбените згради затоа што владата смета дека тоа е загадување со бучава. Вообчаено е станодавците да наметнат куќен ред според кој не е дозволено пуштањето вода од 22 часот до 7 часот наутро затоа што, наводно, тоа може да ги вознемири нивните соседи.
Ако некој се осмели да заспие на состанок со диктаторот Ким Јонг Ун, а последиците може да бидат фатални. Генералот Хјон Јонг Чои, кој е министер за одбрана во Северна Кореја, наводно бил убиен во противвоздушен напад во 2014 година затоа што заспал во текот на состанок со Ким. Во 2016 година, пак, потпретседателот за образование бил стрелан зашто заспал во текот на состанок со Ким Јонг Ун.
Според законот за лиценцирање од 1872 година во Шкотска, јавањето крави во алкохолизирана состојба е забрането. Ако некого прогласат за виновен, може да добијат казна до 51 недела затвор.
Во некои делови од Шпанија е забрането и децата и возрасните да градат замоци од песок на плажа. Во 2016 година градското собрание на Бенидорм гласало за забрана за правење замоци од песок на плажата Леванте, а доколку фатат некого додека гради таков замок, може да биде казнет до 150 евра. Истиот закон важи и за плажите Арона и Арика на Тенерифе, каде што граѓаните за да градат замок од песок треба да побараат дозвола од властите.