Прошетка на ладно време исполнува со енергија и тоа дејство трае со часови по враќањето на топло. Студот поттикнува енергија, но не треба долго време да се биде изложен на студ.
Покрај вообичаените опасности и ризици, студот донекаде е и добар и корисен за човековото здравје – секако, при умерена изложеност. Следат неколку придобивки што телото и умот ги имаат од ниските температури.
Мозокот работи подобро
Битните одлуки се носат „со ладна глава“, вели една изрека. Но, и според стручњаците, на повисоки температури луѓето многу поретко носат поголеми, посложени, важни одлуки. Топлото време побрзо ги исцрпува резервите на гликоза, а бидејќи телото ја користи гликозата во умствените процеси, недостатокот влијае на човековата способност за одлуки.
Повеќе енергија
Прошетка на студено време го исполнува човекот со енергија и тоа дејство трае со часови по враќањето на топло. Студот поттикнува енергија, но не треба долго време да се биде изложен на студ.
Подобро дишење
Поради почистиот, зимски воздух во некои подрачја, подобро се дише, велат стручњаците. Свежиот и чист воздух е идеален за време поминато во природа, долги прошетки и длабоко дишење.
Студот ги намалува воспаленијата и отстранува инфекциите
Воспалението на мускулите често се ублажува со нанесување мраз на отокот или местото на болката. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Спортистите, на пр., користат тн. криотерапија, т.е. терапија со мраз, што значи изложеност на екстремно ниски температури, при лекување на воспаленија и повреди. Да се биде надвор го прави човекот поотпорен поради бројот на клетки што се борат против инфекции.
Подобар сон
Луѓето кои патат од несоница, честопати имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку разладена просторија – на совршена температура од 16 до 20 Целзиусови степени, ќе им помогне на оние со покревок сон.