Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници.
Податоците заклучно со 11-ти јануари, покажуваат дека плата за ланскиот ноември чекаат 15.548 вработени. Управата за јавни приходи(УЈП) нформира дека од нив, за 7.713 вработени имало направено пресметка, но не и исплата на плата. Од друга страна, 5.376 работодавачи воопшто не ни направиле пресметка за 7.835 вработени. Во ноември, обврзници за исплата на плати биле 70.349 работодавачи за 556.332 вработени.
Претходно беше најавено дека во иднина ќе се стави одредба во Законот за даночна постапка со која ќе може да се објават јавно оние компании што не им исплаќаат плати на своите вработени.