И Светската здравствена организација предупреди да не се користи оваа храна.
Големото внесување на сол во организмот никако не е добро, па според извештаите на Светската здравствена организација, неизбежни се катастрофалните последици од нејзиното консумирање.
Високиот крвен притисок, зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести, рак на желудникот, дебелината, остеопорозата и бубрежните заболувања се само дел од проблемите кои ги предизвикува прекумерното внесување сол.
„Околу 1,89 милиони смртни случаи секоја година се поврзани со консумирање премногу натриум“, соопшти СЗО.
Како што пишува „Times of India“, натриумот игра клучна улога во одржувањето на рамнотежата на течностите и пренесувањето на нервните импулси во телото.
Колку сол треба да внесуваме дневно?
За возрасни, СЗО препорачува помалку од 2000 mg натриум дневно (што е еквивалентно на помалку од 5 g сол на ден (нешто помалку од една кафена лажичка). За деца на возраст од 2 до 15 години, СЗО препорачува намалување на дозата за возрасни врз основа на нивната потреби за енергија.
Важно е да се напомене дека високите нивоа на натриум го поттикнуваат телото да задржува вода за да ја балансира концентрацијата на натриум во крвотокот. Овој зголемен волумен на крв врши дополнителен притисок на артериските ѕидови, што доведува до покачен крвен притисок.