Многу луѓе не можат да го започнат денот без првата шолја кафе. Сепак, кафето има потенцијални ризици поради неговата висока содржина на кофеин.
Затоа, наместо со кафе, утрото можеме да го започнеме со овие поздрави алтернативи.
Зелен чај
Познат по своите антиоксидантни својства, зелениот чај содржи помалку кофеин од кафето. Комбинацијата на амино киселини и кофеин може да го зголеми нивото на вашата енергија.
Комбуха
Комбухата е одлична алтернатива на кафето. Содржи помалку кофеин, што значи дека не предизвикува потреси како кафето. Бидејќи е полн со пробиотици, добар е за здравјето на цревата, пишува „HealthShots“.
Златно млеко од куркума
Комбинирањето на куркума, ѓумбир и други зачини со млеко има антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Ова може да ја зголеми стапката на согорување на мастите, што придонесува за процесот на губење на тежината.
Кокосова вода
Природен пијалок богат со електролити е одличен за хидратација. Пиењето кокосова вода наутро го подобрува варењето.
Чај од билки
Различни видови, како камилица или нане, се опции без кофеин, што значи дека имаат смирувачки ефект врз умот и телото. Билните чаеви можат да помогнат и во борбата против настинката и кашлицата.