Податоците на Агенцијата за вработување за декември за прв пат после подолг период имаме зголемување на невработените, и тоа воопшто не малку, туку за близу три илјади лица. Дали станува збор за привремено и моментално изместување на пазарот или за некој тренд кој би можел да продолжи и во иднина, останува да ги почекаме податоците за јануари оваа година кога тие ќе бидат објавени од Агенцијата за вработување.
Спортед овие показатели, во декември лани бројот на лица кои бараат работа изнесувал 105.452 лица. Оваа бројка сама по себе и воопшто не е толку страшна, но загрижува фактот што таа следува по постојани падови на линијата на невработените надолу, што се случуваше постојано секој месец.
Така во октомври бројката на невработени се намалува на 103.147 луѓе, за во ноември да има нов пад, на 102.744 лица. И наместо невработеноста да дојде до 100 илјади или под 100 илјади какви што нивоа се очекуваа, декември донел раст на невработеноста на 105.452 лица. Или, за само еден месец, последен од минатата година, невработеноста се зголемила за 2.708 лица.
Како дојде до пораст за три илјади лица во еден месец треба да кажат надлежните, но се поставува прашањето дали дојде до промени на пазарот на труд кои не се во корист на работниците. Бидејќи, секој пораст на невработените лица, за нив создава понеповолни услови кај работодавачите, бидејќи се зголемува понудата на работна сила.