И во 2023 година работниците не можат многу да се пофалат дека им се подобрени работнички права.
Недостатокот на работен кадар не само во земјва туку и на глобално ниво не е пречка за дел од несовесните работодавачи по разни однови да ги кршат правата на своите вработени. Според информациите од ССМ во текот на 2023 година во Сојузот на Синдикатите на Македонија се евидентирани 10 534 обраќања по разни основи за заштита на правата од работен однос.
Информациите кои Денар ги доби од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека расте бројот на работници кои се охрабруваат и го пријавуваат својот работодавач кој не ги почитува правата на работниците. И тоа дури 61 отсто пријавите кои пристигнале во ССМ се од работници кои не се членови на најголемата синдикална организација. Оснататите 31 отсто од поплаките пристигнале од вработние во компании членки на синдикатот.
Податоците велат дека од вкупниот број на обраќања 64% се жалби и приговори, 7% барања и 29% прекршоци.