На предновогодишната прослава во одлична атмосфера вработените од Нелт СТ прославија за успехот што го остварија во 2023 година и заслужено добија честитки од извршниот директор, Сашко Блажевски.
Покрај остварените резултати, изминатата година, компанијата спроведе уште едно успешно продажно натпреварување, но овој пат со нов концепт и проширен состав на тимови.
Тимовите се натпреваруваа во креираната Нелт Лига истакнувајќи го нивниот победнички менталитет и освојувајќи поени и награди на месечно ниво.
Трудот, посветеноста и тимската игра им овозможи на најдобрите два тима од ТТ и МТ каналите на продажба да одат на патување во Париз.
Тимот кој броеше 15 вработени во средина на месец јануари отпатува во Париз каде уживаа во градот на светлината крстарејќи по Сена, разгледувајќи го градот од висина на Ајфеловата кула и посетувајќи ги познатата катедрала Нотр Дам и Триумфалната Порта. На патувањето се навратија во минатото со посета на дворецот Версај, а воедно и посета на музејот Лувр и познатите уметнички дела. Како јаготка на шлагот беа наградени со посета на забавниот парк Дизниленд, а патувањето го заокружија со најпознатото кабаре шоу – Moulin Rouge.
Во новата година вработените ги очекува нов натпревар кој дополнително ќе го зголеми нивното ниво на мотивација.
Во продолжение погледнете го прогласувањето на победниците и нивното патување во Париз.