„Министерството за образование и наука реагира на наводите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов“, се вели во демантот на МОН.
Во комуникација со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како што истакнуваат од МОН, добиле информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции. Но, тоа е интерно инициран процес, поjаснуваат од Министерството.
„Министерството за образование и наука го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега“, се наведува во реракцијата од МОН.