Во време кога парите се еден од клучните услови за квалитетен живот, дневницата од 8.000 динари или 4.000 денари, без фиксно работно време повеќе звучи како сон отколку реалност. Но, многу е можно, само оваа работа да „отфрла, а не да привлекува“ работници. Еве колку заработуваат хигиеничарките во соседна Србија.
Како што прво истакна, сумата што ја заработува дневно е сосема задоволителна, додека работното време не е фиксно, што и го олеснува организирањето на приватните обврски.
- Саатницата се движи од 800, 900, па и до 1.000 динари. Зависи дали користам сопствена хемија, или личноста со која чистам сам ја има обезбедено. Исто така, работното време не е фиксно. Често се случува да ги комбинирам обврските со работното време, доколку работодавачот се согласува секако – изјави таа за српски Телеграф.
Таа истакнала дека оваа работа не е нималку лесна, и дека не секој може да го издржи тоа темпо на работа.
- Кога ќе влезете во станот, веднаш започнува работата. Се случува и да работам 12 часа, со минимални паузи. Секако, тогаш и јас заработувам поголема сума на пари, но секако не е лесно. Само оној кој го направил ова може да разбере колку е навистина тешко – додаде таа.
Камерите во станот се честа појава...
- Претежно луѓето каде што чистам немаат камери, излегуваат од станот и се враќаат кога ќе завршам. Се случува и да ме гледаат како работам преку камери и тоа е во ред. Немам што да кријам, дури мислам дека е пожелно, бидејќи така не може да има пријавени „дефекти“, па не мора ни да размислувам за тоа – додаде таа.
Иако споменатата работа многу заработува, а работното време не е фиксно, побарувачката за луѓе кои ќе ја извршуваат е голема. Како што ни рекоа, многу луѓе одбиваат да се занимаваат со оваа работа бидејќи мислат дека другите ќе гледаат поинаку на нив, а не се сигурни што ќе ги чека во станот, ниту кој, бидејќи најчесто чистат со непознати луѓе.