Ако некогаш сте се запрашале дали треба да ја исчистите хотелската соба или стан пред да заминете, не сте единствените! И додека некои сметаат дека тоа не е нивна обврска, со оглед на тоа што го платиле престојот, некои се преревносни, па постелнината ја уредуваат до совршенство, иако знаат дека мора да се измие. Но, што велат познавачите на бонтон – во каква состојба треба да се остави хотелската соба?
– Апсолутно нема потреба да го местите креветот пред да излезете од собата. Постелнината секако веднаш ќе биде отстранета, па нема потреба да се замарате со неа – вели Маика Мајер, експерт за бонтон и авторка на книги на истата тема, за „Travel + Leisure“.
Таа, исто така, советува да не оставате ѓубре расфрлано низ собата (шишиња, марамчиња, обвивки…), како што не би направиле доколку престојувате со пријател, туку да го ставате во корпите за отпадоци што се во секоја соба.
Друга работа на која треба да обрнете внимание пред да ја напуштите вашата хотелска соба или апартман се пешкирите. Искористените крпи најдобро е да ги оставите висат или наредени во бањата. „Никогаш не оставајте влажни крпи на тепихот или на мебелот, бидејќи тие можат да го оштетат дрвото или ткаенината и да остават влажни дамки, да предизвикаат мувла или да не се исушат навреме за следниот гостин“, објаснува Мејер.
Друг експерт за бонтон, Дајан Готсман, даде совет на оваа тема. Таа истакнува дека пешкирите не треба да ги користите како марамчиња за отстранување на шминката – може да се перат, но тешко се отстрануваат тврдоглавите дамки.
– Ако скршите чаша или шише, погрижете се да ги соберете парчињата колку што е можно повеќе – додава Готсман.
Вработените во хотелот имаат уште една препорака за сите гости – ако го преместивте мебелот во собата, треба да го вратите во првобитната состојба пред да тргнете! Истото важи и за телефонот, далечинскиот управувач или телевизорот.