На социјалните мрежи се појави соопштение во кое се наведува ситуацијата во која се нашла жена од Балканот, која освен што се пријавила во австрискиот Завод за вработување, решила да заработи екстра пари правејќи слатк на црно и и на тој начин успеала да собере дури 72.000 евра.
Во Австрија била во АМС, односно во нивното биро за вработување, а од колачи дополнително заработила околу 72.000 евра. Преку социјалните мрежи нудела домашни слатки, за кои финансиската полиција дознала, најверојатно преку пријава на познаник или пријател.
Проблемот настанал кога виделе дека жената е пријавена во Заводот за вработување во Австрија, за што добивала надомест.
- На социјалните мрежи често можете да најдете објави од типот „Правам домашни пити, колачи, колачиња...“, но ако немате пријавен занает - не играјте - пишуваше во објавата.
Во коментарите имаше поделени мислења на оваа тема, а дел од нив се следните:
„Јас би пријавил се така. Што сме ние што отворавме фирми и плаќаме даноци и придонеси - идиоти?“, „Подобро да пријави и чесно да заработи 72.000 евра“, „Чиста глупост, тоа е од хоби и никој нема право да те ограничува“ , „АМС 1.300 евра плус 2.000 торти, така да пензија“, „Што другите плаќаат, а таа не“, се дел од коментарите.