Српскиот портал Курир.рс, објави сторија за Македонецот Орхан Мусевски кој работи во строгиот центар на Берлин во познат ресторан за брза храна.
Атракции кои мора да се видат за туристите не му значат многу на Орхан. Речиси веќе не ги забележува бидејќи пет пати неделно доаѓа на своето работно место од предградието на Берлин.
- Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот! Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Македонија има подобра клима, луѓе, јас бев посреќен во мојата земја, позадоволен... Заработувам 400-500 евра, но сите се некако повесели од овде и насмеани. Навистина е подобро насекаде во нашата област. А Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ... Тука има малку искрени насмевки, а веруваат само во пари - вели Орхан.
Тој додава дека и на многу Германци не им е лесно.
- За некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси да се снајдете како некогаш или да купите стан или нова кола. Кога ќе ми одземат 600 евра данок од плата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за соба од 15 квадрати. Во зима поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара и 650 евра. Кога дојдов платив 350 евра за такво сместување, но потоа почна војната во Украина, се поскапе, а сега не успевам да издвојам ни 100 евра - вели Орхан.
Македонецот во Германија го донела желбата за подобар живот, но и специфичен здравствен проблем. Успешно го решил и гордо ја покажува својата здравствена книшка, благодарение на која не платил за процедурата и скапите инјекции од свој џеб.
За тоа е благодарен, но и онака доста му е од Германија.
- Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан и во мојата Македонија! Таму и цвеќињата различно мирисаат - Орхан е носталгичен.
Тој наведува дека не го запознал Берлин иако во тој град е повеќе од две години.
- Многу е работа. Осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија... Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. Патувам повеќе од еден час до станот, ја делам кујната и бањата со четворица наши луѓе од Македонија, Хрватска и Србија и сите се чувствуваат исто како мене. Дома, нашата телевизија го покажува само негативното и верувавме дека овде е подобро. Но и овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би? Кој тогаш би дошол да работи во Германија - се прашува Орхан, кој играше фудбал во Македонија.
Македонскиот гастарбајтер наведува дека откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат некаде поблиску до дома, на Балканот.
Тој додава дека има многу познаници кои за време на туристичката сезона одат на работа во Хрватска и Црна Гора.
- Тие се позадоволни од мене во Германија. Работат од јуни до крајот на септември, а платата во Хрватска како што ми кажаа е 1000 евра. Добиваат и бесплатно сместување и оброци, а тие 1.000 евра им остануваат чисти - заклучува Орхан.
Просечниот гастарбајтер во Германија, да потсетиме, заработува од 1.500 до 4.000 евра, а многумина не планираат да се вратат додека можат да работат.