Работата после пензија за многу од повозрасните граѓани би значело не само извор на нови приходи туку и дополнително враќање во живот.
Случајот на недостаток од работна сила е се поприсутен како во земјава така и во целиот свет.Обидите да се најдат решенија се движат од дигитализација до увоз на работан сила, но и ангажирање на виталните пензионери.
Оваа практика освен во подалечните европски земји е присутна и на Балканот, најблизу во Србија и Хрватска. Во Хрватска оние пензионери кои сакаат да работат тоа можат да го сторат на пола работно време, а најчесто тоа го прават докторите во пензија.Новите законски измени во Хрватска коишто стапија на сила на почетокот на 2019 година ги отворија вратите за 300 илјади пензионери кои сакаат повторно да се вратат на пазарот на трудот, без притоа да го изгубат правото на пензија.
Во Србија пензионерите работата на редење роба, на враќање на количките во маркетите на приемните пултови....
Во земјава дел од пензионерите работат како таксисти се сетнуваат и оние кои се на позиција обезбедување или пак чувари, а и пензионираните доктори продолжуваат да одат на работа.Но на многу пензиоери им е страв да почнат со работа да не им „ја скинат„ и онака ниската пензија, со оглед на тоа што нема соодветен закон.
Дали со размислување на оваа тема може да се ублажи ударот од увоз на работна сила?
Работата после пензија за многу од повозрасните граѓани би значело не само извор на нови приходи туку и дополнително враќање во живот.